05.06.2026 - 08.06.2026
Слободно
Вкупна цена за сите патници25,358.00 den
409.00 €
05.06.2026 - 08.06.2026
Слободно
Вкупна цена за сите патници25,358.00 den
409.00 €
Појадок. После појадокот се упатуваме во посета на Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција “Popeye”. Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година. Враќање назад во хотел од каде што се упатуваме кон Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:10 часот. Слетување во Скопје во 00:50 часот.