06.06.2026 - 13.06.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници18,104.00 den
292.00 €
13.06.2026 - 20.06.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници20,832.00 den
336.00 €
Silver Bay Hotel е хотел со 3 ѕвезди, сместен во тивка и зелена околина на островот Крф, во регионот помеѓу Гувија и Контокали. Благодарение на својата поволна позиција, хотелот нуди одлична комбинација на мирна атмосфера и близина до туристички содржини.
Хотелот е наменет за гости кои бараат економичен одмор со добра локација и солидни услуги.
Локацијата овозможува лесен пристап до главните атракции на островот, како и можност за индивидуално истражување.
Сместување
Хотелот располага со стандардно опремени соби, погодни за удобен престој:
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.
Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
Попустите Не се комбинираат.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
Сместување во собите е по 16.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 10.00час.
По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
Доколку е настаната штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место на рецепција.
Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел