17.06.2026 - 22.06.2026
Слободно Чартер
Вкупна цена за сите патници35,278.00 den
569.00 €
01.07.2026 - 06.07.2026
Слободно Чартер
Вкупна цена за сите патници38,998.00 den
629.00 €
Подгответе се за незаборавно летно искуство покрај магичните брегови на Тиренско Море – дел од Медитеранот познат по својата кристално чиста вода, песочни плажи и романтични зајдисонца.
Овој регион ги спојува природната убавина, историјата и вистинската италијанска атмосфера, создавајќи совршена дестинација за одмор и уживање.
Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.
Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;
Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед
Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море.
Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот.
Дозволете си лето кое ќе го паметите!
НЕАПОЛ – ГРАД СО ДУША Неапол е еден од најживите и најавтентични градови во Италија – место каде историјата, културата и секојдневниот живот се спојуваат во уникатно искуство. Сместен покрај бреговите на Тирентското Море, со спектакуларен поглед кон вулканот Везув, овој град нуди нешто што ретко каде ќе го почувствувате – вистинска, сурова италијанска енергија. РОДНО МЕСТО НА ПИЦАТА Неапол е дом на светски познатата неаполска пица – едноставна, но совршена. Тука храната не е само оброк, туку доживување. БОГАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА Градот е под заштита на UNESCO, со историски центар кој е еден од најголемите во Европа. Ќе најдете: – антички цркви и катедрали – тесни калдрмисани улици – архитектура што раскажува приказни од различни епохи ВЕЗУВ И ОКОЛИНА Над градот се издигнува Везув – еден од најпознатите вулкани во светот. Во негова близина се наоѓаат и античките градови Помпеја и Херкуланум, замрзнати во времето по ерупцијата. ЖИВОТ КРАЈ МОРЕТО Неапол нуди прекрасни погледи кон морето, пристаништа, шеталишта и близина до острови како Капри и Искија. Совршен спој на град и летен одмор. АТМОСФЕРА ШТО НЕ СЕ ОПИШУВА – СЕ ЧУВСТВУВА Неапол е гласен, хаотичен, топол и полн со живот. Луѓето се темпераментни, улиците се живи, а секој агол крие приказна.
I ТЕРМИН: 17.06.2026 - 22.06.2026
II ТЕРМИН: 01.07.2026 - 06.07.2026
III ТЕРМИН: 17.07.2026 - 22.07.2026
IV ТЕРМИН: 04.09.2026 - 09.09.2026
ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:
SKOPJE - NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES - SKOPJE (18:45 PM )
ü Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;
ü Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;
ü Сместувањето е во само 1/2 тип на соби;
ü Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени - дополнителен попуст за деца нема.
ü Појадок: 08:00 - 10:00 - на база на шведска маса