Бари за 8ми Март

Чартер

Термин Од 06.03.2026 - 09.03.2026

1/3 Standard room

BB

06.03.2026 - 09.03.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
24,738.00 den

21,638.00 den

399.00 €

349.00 €

1/2 Standard room

BB

06.03.2026 - 09.03.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
24,738.00 den

21,638.00 den

399.00 €

349.00 €

Провери друг термин

Вклучено

 Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
Аеродромски такси
 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Бари
Превоз аеродром – хотел – аеродром
Организација и претставник од агенцијата

Не вклучено

Дополнителни екскурзии
туристичка такса – 3 € по лице на ноќ
патничко осигурување
влез во локалитети
АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција) - 70 € по лице
МАТЕРА(превоз, претставник од агенција) - 80 € по лице
Бари, по големина е деветти град во Италија и е  главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекувале верниците.Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

План и програма

Ден 1 – 06.03. (петок) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата два часа пред полетување, полетување во 16:45ч. од Скопје.Слетување во 17:55 ч. во Бари. По пасошки и царински формалности следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка низ Бари. Ноќевање.
Ден 2 – 07.03. (сабота) | ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ - ПОЛИЊАНО а МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО
Појадок. Предлог за денешниот ден е посета на Алберобело и Полињано а Маре. Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви, кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители ја добиле идејата за изградба на трули, уникатни привремени куќи изградени од камен, со цел да избегнат високи плаќања кон владетелите во тој период. Процесот на трансформација и обнова, како и оригиналноста на делото, им обезбедија на овие градби признание за светско наследство. (УНЕСКО). А пак Полињано а Маре е едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, која беше прогласена за една од петте омилени дестинации за летен одмор за Италијанците во 2016 година.Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, му даваат посебен шарм на градот. Враќање назад во Бари каде што ќе имате слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Ден 3 – 08.03 (недела) | ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ - МАТЕРА
Појадок.Предлог за денешниот ден е посета на градот Матера. Возење низ живописната природа до градот Матера, кој беше Европска престолнина на културата во 2019 година и е на листата на светско наследство на УНЕСКО поради своите карактеристики. Интересно за овој град е што многу локални жители живеат во куќите на своите предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата местоположба, Матера го зачувала својот стар изглед низ вековите. Слободно време. Враќање во Бари. Ноќевање.
Ден 4 – 09.03 (понеделник) | БАРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел и можност за прошетки во Бари до време за организиран трансфер. Околу 15:30 часот трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 18:30ч. слетување во 19:40 ч

Факултативни екскурзии

АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција)

АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција)

70.00 €

МАТЕРА(превоз, претставник од агенција)

МАТЕРА(превоз, претставник од агенција)

80.00 €

Забелешка

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел

Слични Понуди