GYPSOPHILA CLUB MARINE

Antalya
Положба Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 15 км од центарот на Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 399 соби во бунгалови од два или три ката. Стандардни соби (26-32 м², една спална соба со еден француски кревет или два единeчни + единечен кауч, кревети на спрат во некои соби, едно купатило, макс.2+2 лица). Фамилијарни соби (39-45 м², две спални соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица) Апартмани (45 м², една спална соба, една дневна соба поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво при пристигнување, а потоа само вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, паркет или керамички под, WI – FI интернет конекција, сателитска LCD телевизор и балкон. Услуга Ултра Сѐ Вклучено - пијалоци за добредојде при пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, закуска доцна навечер. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за време на појадок, диетална и здрава храна во главниот ресторан, детска храна, сладолед во одредени часови во текот на денот. À la Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш во престој во една од нив. Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, VSOP коњак, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, наргиле. Содржини Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - Trattoria (италијанска кујна), Sea You (ресторан за морска храна), етно (турска кујна), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, фризер, изнајмување коли, продавници се дополнително се наплаќа. WI-FI интернет конекцијата во собите, јавните површини и лобито е бесплатна. Плажа Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјони на плажа се со претходна резервација и доплата. Спорт и забава Надворешни базени за возрасни и деца, три тобогани, турска бања, сауна, соба за релаксација, фитнес центар, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг, гимнастика. Со доплата се: спортови на вода, Спа и велнес центар, масажи и третмани за убавина, тениски терени и осветлување на тениски терени, билијард. Забавни програми во текот на денот, натпревари со професионален тим, шоу навечер, музика во живо, специјални концепти за забава. Мини клуб за деца по различни возрасни групи, од 4 - 16 години со специјални програми. Хотелот е реновиран во зима 2021 / 2022 година.

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите. 1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: » Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. » Аеродромски такси. » Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. » Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). » Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. » Организација на програмата. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: » Задолжително здравствено патничко осигурување. » Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.


Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related