ULUSOY KEMER HOLIDAY CLUB

Antalya
Положба Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 7 km од Кемер, 45 km од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 465 соби. Стандардни соби (18-22 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица). Големи стандардни соби (22 – 24 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица). Фамилијарни соби (32 m², две спални соби одвоени со врата, со едно или две купатила, во втората соба има кревет на спрат за деца, макс.4 лица). Сите соби се во прекрасна градина во блокови со три ката, со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, систем за климатизација што работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали, керамички под и балкон или тераса. Услуга Ултра сѐ вклучено - шведска услуга за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот, попладневни колачи, вечера, закуска доцна навечер, ран појадок, детско и диететско бифе, сладолед во одредени часови, сите локални и стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот. Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, увозни пијалаци кои не се на менито, специјални вина, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, приватни забавни организации. Содржини Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, бар на плажа, диско клуб, лоби бар. Доктор, чување деца, перење и пеглање алишта, телефон, факс, интернет, продавници, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел (ниска брзина). Плажа Хотелска плажа со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Спорт и забава Надворешни базени за возрасни и деца, четири тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг-понг, гимнастика. Со доплата: спортови на вода, рефлектори за тениски терени и опрема, велнес центар, школа за нуркање, билијард, соба за игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, специјални програми и шоу во вечерните часови со стручен тим. Мини клуб за деца од 4 - 12 години и Јуниор клуб од 13 - 16 години со програми во текот на денот, игралишта и вечерно мини диско. Хотелот е реновиран во 2014 година.

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related