Вила Олга се наоѓа на 700м од плажа, во околина на 500м е првата продавница и пекара, располага со простран двор, со играчки за деца. Идеална за оние кој сакаат одмор настрана од градската гужва.
Студиото Олга е сместување со добро уреден и ограден двор каде децата можат безбедно да си играат. Приватен паркинг е достапен пред имотот и има скара што можете да ја користите.
Сместувачките единици имаат гардеробер, клима и ТВ, пристап до интернет и балкон.
Вилата располага со двокреветни и трокреветни студиа. Кујната е комплетно опремена (електричен чајник, прибор за јадење и чинии, чаши), а гостите имаат на располагање фен и пегла, кои се достапни на барање. Исто така, сопствениците можат да обезбедат бебешко креветче, кое е достапно на барање.
Дворот е делумно поплочен, а дел со трева, и играчки за деца.
Има сопствен паркинг каде можете да го паркирате вашиот автомобил. Бидејќи сместувањето се наоѓа на автопат, понекогаш може да биде бучно.Чистење, крпи и постелнина се менуваат на секои 3-4 дена.
Доколку сакате сместување со убаво уреден двор и добро одржување, веднаш надвор од центарот на градот, Студиото Олга може да биде одличен избор.