Венецијански Карневал 2025

Автобус

Термин Од 14.02.2025 - 16.02.2025

1/2 Standard room

BB

14.02.2025 - 16.02.2025

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
29,636.00 den

24,676.00 den

478.00 €

398.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз од Скопје
Посета на Падова и Noventa di Piave Designer Outlet
Туристичка такса за влез во Венеција
Посета на Венеција (2 дена)
Локален водич во Венеција
Лиценциран придружник

Не вклучено

Патничко осигурување
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Традиционално, ЕТА веќе 3та година ве води на Венецијанските Карневали!! Оваа година подгответе се и резервирајте си место на време, бидејќи истите се ограничени!!

План и програма

ПРВ ДЕН (13.02.2025) Четврток
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН (14.02.2025) Петок
Пристигнување во Италија во утринските часови. Бидејки се упатуваме дирекно кон Венеција, застануваме попатно на поголема пауза каде ќе можеме да се освежиме, преоблечеме и појадуваме пред да пристигнеме на бродот кој ќе не одведе кон плоштадот Сан Марко. Започнуваме со разглед на градот со локален водич, Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. По разгледот, се движиме низ улиците на Венеција, уживаме во првичните маски кои ќе се појавуваат од сите страни, ќе уживаме во Отворањето на Карневалите кои оваа година започнуваат со прославата на Сан Валентино, светецот кој ја симболизира љубовта, убавината на животот, уживањето. Во вечерните часови се упатуваме кон хотел. Сместување и ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (15.02.2025) Сабота
Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон Трговскиот центар Noventa di Piave, кој е аутлет на големите познати брендови. Овде имаме неколку часови за шопинг. По шопингот, се упатуваме кон Падова, каде ќе имаме слободно попладне за прошетка низ центарот на еден од најстарите градови во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (16.02.2025) Недела
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Венеција. По многугодишната пауза, токму на овој ден се случува парадата на вода, со многу украсени и шарени бродови, управувани од маскирани луѓе кои преку Гранде каналот и под мостот Риалто ќе го означат официјалниот почеток на карневалите. Слободно време за уживање во карневалскиот дух низ улиците, каналите и плоштадите на Венеција. Во договорено време, групата се собира и се упатува кон автобусот. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
ПЕТТИ ДЕН (17.02.2025) Понеделник
Пристигнување во Македонија околу 13 часот.

Забелешка

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци

Првите четири седишта не се продаваат и пополнуват бидејќи истите се користат од страна на персоналот на патувањето (водич, возачи)

Доплата за еднокреветна соба 40 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 179 евра

Трансфер од Битола, Прилеп, Штип, Неготино, Кавадарци, Велес и Гевгелија – 10 еур по лице (во правец)

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди