Венеција и Милано за 1-ви Мај 2025

Автобус

Термин Од 01.05.2025 - 03.05.2025

1/2 Standard Room

BB

01.05.2025 - 03.05.2025

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
23,436.00 den

18,476.00 den

378.00 €

298.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

2 ноќевања во хотел со појадок (во околина на Падова)
Автобуски превоз од Скопје и Куманово
Посета на Падова
Лиценциран придружник

Не вклучено

Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 35е (се плаќа во автобус)
Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е (се плаќа во автобус)
Туристичка такса (5 евра по лице се плаќа во автобус)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Патничко осигурување
Италија важи за една од најубавите земји во Европа. Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери се само дел од епитетите со кои можеме да ја опишеме Италија. Искористете го овој празничен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја, со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.

План и програма

ПРВ ДЕН (30.04.2025) Среда
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН (01.05.2025) Четврток
По ноќното возење, пристигнување во Италија во утринските часови. Првиот град кој ќе го посетиме во програмата е неодоливата Падова. Град каде се спојуваат две култури, пресекот помеѓу венецијанската и миланската култура. Град кој ќе сакате повторно да се вратите, а секако ќе имаме околу 4 часа токму во најубавиот централен дел на Падова. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, ботаничката градина. Бидејќи самиот град е спој на минатото и сегашноста, во непосредна близина на центарот има и шопинг центар кој може да го посетите. Во договореното време, се упатуваме во хотел, кој е лоциран на 15 километри од Падова. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (02.05.2025) Петок
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (03.05.2025) Сабота
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон автобусот. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
ПЕТТИ ДЕН (04.05.2025) Недела
Пристигнување во Македонија околу 13 часот.

Факултативни екскурзии

Венеција - задолжителна посета

2,170.00 €

Целодневна посета на Венеција

Милано - факултативна посета

3,410.00 €

Целодневна посета на Милано

Забелешка

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци, освен првите 4 седишта кои се наменети за персоналот на патувањето (возачи и водич)

Доплата за еднокреветна соба 40 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди