ВЕЛИГДЕН ВО ОРМОС ПАНАГИАС

Автобус

Провери друг термин

Вклучено

Автобуски превоз на наведената релација
Сместување во Хотел Ангелос **во Ормос Панагиас на база 5 ноќевања
Исхрана на база ноќевање со појадок (шведска маса)
Велигденски ручек во таверна на сама плажа пред хотелот со богато национално мени и музика
Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Не вклучено

Задолжително патничко осигурување
Туристичка такса 1,5€ по соба од ноќ доплата на рецепција во хотел
Факултативно целодневно крстарење до Света Гора – Атос - 35€ возрасен, 20€ дете 6-12год
Индивидуални неспоменати трошоци
ETA  за Велигден  ве води на прекрасниот втор крак Ситонија и рајскиот Ормос Панагиас! Ормос Панагијас е мало место на источниот брег на Ситонија. Името го добива по црквата посветена на Света Богородица (на грчки Панагија) која е зачувана уште од периодот на Византија. Делот покрај плажата е идеален за сите оние кои сакаат да имаат мирен семеен одмор бидејќи токму тука има убави места за уживање, разни градини и игралишта за деца. Плажата Трани Амуда е една од главните причини поради кои треба да појдете на летување во Ормос Панагиас. Ова плажа е една од најубавите плажи на вториот крак и има сино знаме! Самото место е многу мирно, совршено за сите оние кои бараат вистинска релаксација, без метеж и сообраќај, идеално за парови и семејства со деца кои сакаат совршени плажи. Хотелот Ангелос се наоѓа на живописниот залив недалеку од плажата. Нуди прекрасен поглед кон сините тиркизни води на Егејот, кој е достапен од речиси секоја хотелска соба и ниту еден гостин никогаш не заминува без да биде импресиониран.

Хотелот зафаќа површина од 3000 кв.м и има 2 станбени згради, сопствена уредена територија за одмор – пријатна сенката во дворчето опколено со дрвца од калинки.Во склоп на хотелот има мини бар и таверна. Неодамна е извршено комплетно реновирање на хотелот, а реновирани се и сите внатрешни простори. Елегантните соби на хотелот ви нудат удобен престој, привилегирана локација веднаш на брегот на Егејското Море, а персонал е тука за да Ви помогне да имате незаборавен престој и да уживате во сонцето, морето и гостопримство во едно од најубавите и живописните места на вториот крак.

 

План и програма

ПРВ ДЕН 01.05.2024 (среда)
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) 03.30 часот. Поаѓање кон Грција во 04.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на гранични формалности. Пристигнување во Ормос Панагиас и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Трани Амудија оддалечена на 450м од хотелот. Ноќевање.
ВТОР ДЕН 02.05.2024 (четврток)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Латура оддалечена на 650м од хотелот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 03.05.2024 (петок)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Лагониси оддалечена на 1,2км од хотелот. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН 05.05.2024 (недела)
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности и прошетки. Попладне организиран велигденски ручек во таверна на сама плажа пред хотелот со богато национално мени и музика. Ноќевање.
ШЕСТИ ДЕН 06.05.2024 (понеделник)
Појадок. Напуштање на собите до 10 часот. Заминување за Солун. Попатна посета на трговскиот центар Mediterranean Cosmos. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Типови на соби

1/2 соба

Двокреветните соби за 2 лица. Во собите има еден брачен кревет или два единечни кревети, а собите се со големина од 19 м2. Собите се опремени со работно биро, гардеробер, подот е со плочки, звучно изолирани прозорци, маса и столчиња на балкон, мрежа за комарци, горните спратови се достапни само со скали. Во кулатилото има туш, крпи, тоалет хартија, биде, сапун за тело, шампон. фен за коса, пешкири. Во спалната има електичен бокал, мини фрижидер, телевизор.

1/3 соба

Трокреветните соби со капацитет за 3 лица. Во собите има еден брачен кревет и еден единечен кревет, а собите се со големина од 24 м2. Собите се опремени со работно биро, гардеробер, подот е со плочки, звучно изолирани прозорци, маса и столчиња на балкон, мрежа за комарци, горните спратови се достапни само со скали. Во кулатилото има туш, крпи, тоалет хартија, биде, сапун за тело, шампон. фен за коса, пешкири. Во спалната има електичен бокал, мини фрижидер, телевизор.

Факултативни екскурзии

Крстарење Света Гора-Атос

Крстарење Света Гора-Атос

35.00 €

Света Гора, како манастирска заедница формално била основана во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Велика Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот цар во текот на следните векови. Четвртата крстоносна војна во XII век  донела нови, римокатолички владетели кои ги присилиле монасите да бараат заштита од папата Инокентија III до обновувањето на Византија.Исто така, каталонски платеници во XIV век вршеле кражби на Света Гора.

Локација

Забелешка

– Еднокреветна соба доплата од 80€ на цената на аранжманот
– Дете 2-12 год во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 60€
– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% од цената на аранжманот
– Намалување за сопствен превоз -20€  по лице

Искуства

Сподели Искуство