Велигден на Санторини

Автобус

Термин Од 03.05.2024 - 06.05.2024

1/2, 1/3 и 1/4

03.05.2024 - 06.05.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
21,018.00 den

18,538.00 den

339.00 €

299.00 €

Резервирај

1/2, 1/3 и 1/4

03.05.2024 - 06.05.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
21,018.00 den

18,538.00 den

339.00 €

299.00 €

Резервирај

Провери друг термин

Вклучено

3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
Пратител на групата за времетраење на аранжманот

Не вклучено

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
Факултативни излети
Туристичка такса

Санторини е познат како еден од најатрактивните грчки острови по својата визуелност – со своите вулкани и бели куќички поставени наспроти живописното сино море, не е тешко да се разбере зошто. Без разлика дали сте заинтересирани за фотографирање или едноставно само Ве воодушевуваат прекрасните погледи, Санторини ќе Ве натера да воздивнете на секој агол. Бели sидови, коцкасти куќички, цркви со сини кровови и улици со калдрма го прават островот скоро како од бајка! Очигледно комбинацијата на бела и сина боја си има своја симболика. Белата боја ја претставува пената на брановите на Егејското Море додека пак сината боја го претставува грчкото небо. Во главниот град Фира има само три пата надолу до пристаништето и повторно враќање назад: со жичара, одење нагоре надолу стотици скали или со магаре. Дури и ако одлучите да не ја направите оваа мала екскурзија, скалите се насекаде: често нерамни и сите на различни висинa и должинa.

План и програма

ПРВ ДЕН 02.05.2024
Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регурлирање на граничните формуларности.
ВТОР ДЕН 03.05.2024
Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, и следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во 19:00 часот е предвидена факултативна посета на Пиргос. Враќање во Хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 04.05.2024
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира. Слободно време во Фира. Враќање во Хотел. Во 23:00 часот е предвидено да се иде во локалната црква и да се дочека Велигден. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 05.05.2024
Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме да се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето. По залезот се враќаме во Хотел. Враќање во Хотел. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН 06.05.2024
Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. Можност за посета на G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum . Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формуларности. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Типови на соби

1/2, 1/3 и 1/4

Факултативни екскурзии

Посета на винарија

Посета на винарија

25.00 €

Најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција. G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.

Пиргос

Пиргос

15.00 €

Посета на најсветото место на островот- ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен  традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. Оваа посета на Пиргос ќе ја паметите цел живот.

Full Day Санторини

Full Day Санторини

50.00 €

Целодневна екскурзија на островот. Почнувајќи веднаш по појадокот ќе ги посетиме следните знаменитости: Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон градчето OIA (Иа) каде ќе имате можност да го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Оваа гледка ќе ве остави без зборови.

Крстарење со брод

Крстарење со брод

50.00 €

Kрстарење со брод до вулканскуите острвои. Посета на новиот вулкан НЕА КАМЕНИ. Посетата следува со пешачење до врвот на висина од 130 метри, пешачењето трае околу 25 до 30 минути. По патот до врвот на вулканот ќе се посетат сите кратери на НЕА КАМЕНИ каде на самиот врв ќе го видиме активниот кратер. Тоа не значи дека ќе видиме оган и лава но ќе видиме присуство на големи количества на сулфур и дим. Излетот продолжува на стариот вулкан, ПАЛИЈА КАМЕНИ, каде ќе имате можност за посета на термалните вулкански води. На ова островче нема пристаниште, бродот застанува на 30м од термалните води и постои можност за капење. токму ова место го нарекуваат “здравјето на островот” каде сите туристи Се мачкаат со калта и се капат во термални води богати со железо кои се добри за кожата... По 40 мин слободно време екскурзијата продолжува на старото пристаниште во ФИРА. можност за искачување до фира со жичара или магариња кое е исто така едно посебно чуство и искуство на овој остров. ја посетуваме исто така црквата во Фира и по тоа имаме слободно време за прошетка.

Забелешка

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

-Резервации за соба за одреден кат или страна не е можна.

-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, а целосна доплата најдочна 10 дена пред поаѓање

-Цените се изразени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1е=62 мкд

-Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци

-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди