Крф Велигден

Автобус

Провери друг термин

Вклучено

ЗА ROBOLA HOTEL 159€ по лице
3 ноќевања во хотел Робола на база појадок
Автобуски превоз Скопје-Игуменица-Скопје
Билет за траект Игуменица-Крф-Игуменица
TREASHURE HUNTING активнос во градот Крф
Дегустација на локално вино
Лиценциран туристички придружник
Целосна организација и координација на програмата
ЗА СТУДИА ВО ИПСОС 129€ по лице
3 ноќевања во студиско сместувње без храна
Автобуски превоз Скопје-Игуменица-Скопје
Билет за траект Игуменица-Крф-Игуменица
Лиценциран туристички придружник
Целосна организација и координација на програмата

Не вклучено

Факултативни посети чии цени ќе бидат истакнати дополнително
Туристичка такса која се плаќа на лице место
Индивидуални трошоци за храна, влезници и сувенири
Hotel Robolla Апартхотелот Robolla Beach во Рода,Крф е уникатно место за уживање. На гостите им нуди одлични капацитети. Има два ресторани, инфинити базен и бар покрај базен. Има и продавница каде што гостите можат да ги купат сите потребни работи за одличен престој. Уживајте покрај базенот на лежалки. Апартхотелот Robolla Beach нуди базени на две различни локации за ваша погодност и секако базени погодни за деца. Aparthotel Robolla Beach им овозможува на своите гости директен пристап до прекрасната песочна плажа веднаш пред самиот хотел. Освежителниот морски ветар на Јонското Море и топлото медитеранско сонце ќе ви го направат вашиот престој релаксиран. Морето е погодно и за деца бидејќи е плитко неколку метри. Во исто време, на плажа гостите на Robolla Beach Aparthotel можат да уживаат во лежалките и чадорите што ги нуди хотелот потполно бесплатно. Последно, но не и најмалку важно, Thalassa – Beach Bar нуди коктели и разни пијалици за секого. Хотелот има и теретана, одбојкарско игралиште на плажа и спа просторија за масажи.


ETA оди скала погоре во организацијата на најдоброто и најпознато патување за велигден! Патувањето на Остров Крф за Велигден во 2024-та година ќе го доживеете за првпат поразлично од сите аранжмани кои до денеска се нудеа на пазарот!

ЕТА ВЕ ВОДИ ВО ФАНТАСТИЧНИОТ ROBOLLA HOTEL 4* КОЈ СЕ НАОЃА НА САМА ПЛАЖА!

Хотелот е во сопствен закуп на ЕТА од причина што Велигден ова година е во месец мај, што ви овозможува плажирање покрај море и уживање во топлото време!

Хотелот се наоѓа на песочната плажа Рода во близина на местото каде Одисеј нашол мир и спокој! Врвна услуга, прекрасен амбиен, прекрасна градина и поглед од милион долари!

Покрај сместувањето ЕТА годинава ви овозможува уште неколку бесплатни активности во програмата:

– Нашата агенција е првата која бесплатната посета на стариот град на Крф го надополнува со TREASHURE HUNTING игра каде цела група добива дизајнирани карти од стариот град каде се кријат разни скирени подароци за најбрзите!

– Нашата агенција е првата која вметнува бесплатна дегустација на вино кое се произведува на островот Крф!

– Нашата агенција е првата која ве запознава со локалните жители на островот и која ве води на места кои досега не биле достапни на турстичките карти.

ПОРАДИ ОГРАНИЧЕНИТЕ МЕСТА ВО ХОТЕЛОТ, МЕСТАТА ЗА ВЕЛИГДЕН 2024 СЕ СТРОГО ОГРАНИЧЕНИ!

За оние пак кои се уште сакаат да престојуваат во класични студиа во Ипсос, не заборавајте дека ЕТА има свој велигденски закуп и во Ипсос.

План и програма

ПРВ ДЕН 02.05.2024 (ЧЕТВРТОК)
Состанок на групата во 21:30 кај хотел Русија. Поаѓање во 22:00 часот кон Грција со попатни паузи за царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН 03.05.2024 (ПЕТОК)
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Игуменица, каде патувањето до островот продолжува со траект. Откако ќе пристигнеме на островот, се упатуваме кон Ипсос/Рода, се сместуваме и имаме слободно време за одмор и освежување од долгиот пат. -Treasure hunt низ стариот град (подароци за најбрзите)
ТРЕТ ДЕН 04.05.2024 (САБОТА)
-посета на Канони -посета на Mon Repos -Велигденска церемонија на плоштадот Листон
ЧЕТВРТИ ДЕН 05.05.2024 (НЕДЕЛА)
-посета на органска маслинова фабрика -Посета на Манастирот на Палеокастрица -Посета на Danilia Village
ПЕТТИ ДЕН 06.05.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)
Слободно време до тргнување

Типови на соби

Apartment Deluxe 1/2

Апартманите делукс 1/2 се со 45 квадратни метри, прекрасно уредени соби се состојат од една спална соба и дневна со една софа кревет, една фотелја претворена во единечен кревет, одделени со лизгачки врати, една комплетно опремена кујна со фрижидер ( машина за кафе, соковник, бојлер итн.) една бања со када и тераса со маса и столици за целото семејство. Објектите вклучуваат Wi-Fi интернет конекција, сателитска ТВ, директен телефон, фен, клима и приватен сеф, со цел да се обезбеди пријатен и релаксирачки престој и за децата и за возрасните. Во апартманот може да се сместат 2 возрасни и 2 деца кои би спиеле на креветот на развлекување.

Apartment Deluxe 1/3

Апартманите делукс 1/3 се со 45 квадратни метри, прекрасно уредени соби се состојат од една спална соба и дневна со една софа кревет, една фотелја претворена во единечен кревет, одделени со лизгачки врати, една комплетно опремена кујна со фрижидер ( машина за кафе, соковник, бојлер итн.) една бања со када и тераса со маса и столици за целото семејство. Објектите вклучуваат Wi-Fi интернет конекција, сателитска ТВ, директен телефон, фен, клима и приватен сеф, со цел да се обезбеди пријатен и релаксирачки престој и за децата и за возрасните. Во апартманот може да се сместат 3 возрасни лица.

Apartment Deluxe 1/4

Апартманите се со големина од околу 50 квадратни метри, овие пространи апартмани располагаат со две спални соби (едната со брачен и другата со два единечни кревети), комплетно опремена кујна со фрижидер (кафемат, соковник, бојлер итн.), една бања. со када и балкон со маса и столици. Објектите вклучуваат WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ, фен, удобности, клима уред и приватен сеф.

Факултативни екскурзии

Посета на исконскиот Канони

Посета на исконскиот Канони

Цена за пакет: дополнитело Да појдете на островот Крф, а да не го посетите Канони, е налик на да појдете за првпат во Истанбул, а да не ги посетите Аја Софија или Капали Чаршија. Канони има име кое потекнува од стариот топ што се наоѓа на врвот на ридот. Овој рид е полн со бујно зеленило и има многу луксузни хотели и локални вили. На неколку чекори надолу по ридот од Канони ќе наидете на малата црква Panagia Vlacherna. Тесен 300 метарски пешачки премин го поврзува островот со црквата. Конструирана во 17ти век, оваа прекрасна капела внатре крие импресивни резбани иконостаси од дрво и прекрасни фрески. Рибарски бротчиња заминуваат често од црквата и одат до легендарниот остров на Глувчињата, кој се наоѓа на само 5 минути возење со брод.

Посета на Mon Repos

Посета на Mon Repos

Цена за пакет: дополнително Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

Посета на Палеокастрица

Посета на Палеокастрица

Цена за пакет: Дополнително Ние велиме дека не сте биле на островот Крф ако не сте ја посетиле Палеокастрица. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации.

Посета на органска маслинова фабрика

Посета на органска маслинова фабрика

Цена за пакет: Дополнително За многу од патниците најдобри сувенири од патувањето се оние коишто може да се вкусат. Затоа ЕТА во својата програма вметнува уникатни фабрики кои произведуваат она што е автентично за самата локација. Крф е познат по маслиновото масло. Овде се произведува и доста органско маслиново масло кое мештаните го сметаат како најдобар природен лек. Една лажична наутро може многу да значи.

Посета на Danilia Village

Посета на Danilia Village

Цена за пакет: Дополнително “Запознајте ги локалните мештани на островот Крф” е наша ексклузивна екскурзија која ЕТА ја реализираше во 2023-та година. Како прва македонска агенција на остовот Крф одлучивме да ве запознаеме со душата на островот, со начинот на кој локалното население живеело во минатото, но и како функционира денеска. И ова година одличивме да ве одведеме во Dalilia Village, место кое има сконцентрирано се во едно. Ние ве водиме во селцето кое е изградено во минатото, а реконструирано денеска. Во самото селце има голем број на локални продавнички од кои можете да ги купите вашите сувенири за дома. Во самото селце имате занаетчиски работилници, ресторани кои служат локална храна и секако многу тајни сокаци и одаи низ кои можете да прошетате и да уживате во тоа што го уживале разни буржоазиски семејства.

Локација

Искуства

Сподели Искуство