SILVER BAY HOTEL 3*

Автобус

Термин Од 18.04.2025 - 21.04.2025

1/3 Standard Room

BB

18.04.2025 - 21.04.2025

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
13,578.00 den

12,338.00 den

219.00 €

199.00 €

Резервирај Јави се

1/2 Standard Room

BB

18.04.2025 - 21.04.2025

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
13,578.00 den

12,338.00 den

219.00 €

199.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

3 ноќевања со појадок во Hotel Silver Bay 3*
Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
Трансфер од Велес, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип
Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
Туристички пратител во текот на целиот престој

Не вклучено

Туристичка такса – 5 евра од ноќ од соба
Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис, Канони и Мон Репос) 50 евра по лице
Патничко осигурување
Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставуваме не би пропуштиле едно вакво доживување, Ве очекуваме

План и програма

ПРВ ДЕН 17.04.2025 (четврток)
Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.
ВТОР ДЕН 18.04.2025 (петок)
Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови и качување на траект, со кој се упатуваме кон Островот. Пловењето трае околу 1 час и 45 минути. Пристигнување на пристаништето и упатување кон хотел Silver Bay 3*, кој се наоѓа во населеното излетничко место Гувиа. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со водичот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 19.04.2025 (сабота)
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00 часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместување. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН 20.04.2025 (недела)
Овој ден е предвиден за факултативната прошетка низ островот Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Потоа се упатуваме кон Канони - едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина. Последното попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип-Мон Репос. Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија - Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување. Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН 21.04.2025 (понеделник)
Напуштање на собите до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време низ Керкира. Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Факултативни екскурзии

Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и Палатата Мон Репос

50.00 €

Забелешка

  • За деца од 3 до неполни 11,99 години се плаќа 50% од сумата на редовната цена од аранжманот, кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 11.99 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната цена на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Сместувањето е во Хотел Silver Bay
  • Сместувачкиот капацитет располага со 1/2 и 1/3 соби
  • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
  • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште, освен првите 4 седишта кои се користат од страна на персоналот на патувањето (возачи и водичи)

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди