MARHABA ROYAL SALEM

Чартер

Термин Од 25.06.2024 - 02.07.2024

Standard Room

All Inclusive

25.06.2024 - 02.07.2024

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници

88,040.00 den

1,420.00 €

Резервирај

Термин Од 02.07.2024 - 09.07.2024

Standard Room

All Inclusive

02.07.2024 - 09.07.2024

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници

98,332.00 den

1,586.00 €

Резервирај

Провери друг термин

Хотелот е отворен во 1996, а последен пат е реновиран во 2007 година. Има главна и две анекс згради и вкупно 316 соби со поглед на градина, базен или плажа. Покрај главниот ресторан гостите на располагање имаат и неколку барови и Спа центар.Од содржини за деца, хотелот покрај детскиот базен има игралиште за деца и детски клуб (за деца на восраст од 4 до 12 години).                                                                                                                                                                   

Во цената е вклучено:

Надворешен и внатрешен базен, лежалки, чадори;
Фитнес; амам, сауна.
Тенис: бесплатно користење на терени - 1 час дневно, се изнајмуваат рекети и топки, доколку имате свои и сакате да играте, земете ги со себе;
Стрелаштво;
Мини-голф во хотелот (палките за голф може да се позајмат од аниматорите);
Друштвени игри: уно, шах, дама, карти, монопол (се позајмуваат од аниматорите);
Пикадо, зумба, аеробик на вода во море, истегнување или јога, ватерполо, фудбал.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа. Лежалки и чадори се достапни без доплата, додека за крпи за плажа и за базен се остава депозит.

Во цената не е вклучено:

Услуги на спа центар (масажа, балнеотерапија и сл.)
Користење на сеф;
Билјард;
Јавање на коњ;
Моторизирани спортови на вода;
Наргиле, чај и јаткасти плодови, кафе во мавританско кафуле.

Локација

Хотелот се наоѓа во централниот туристички дел на градот Сус и е идеален за пријатен семеен одмор. Оддалечен е околу 22km од аеродромот во Monastir и околу 145km од аеродромот во Тунис.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive.

ПОЈАДОК
- Од 06:00 - 7:00 h - закуски за туристите кои рано заминуваат од хотелот на екскурзии или до аеродромот;
- 07:00 -10:00 h - основен појадок во главниот ресторан. 
- 10:00 - 11:30 h - доцен појадок - кроасани во главниот бар.

РУЧЕК
Од 12:30 до 14:00 часот во главниот ресторан, во текот на летната сезона, од јуни до септември и во ресторанот на плажа.

Попладневна ужина
Од 15:00 до 17:00 часот во главниот ресторан. Во текот на летната сезона, од јуни до септември во Snack- барот и ресторанот на плажа.

ВЕЧЕРА

Во текот на летната сезона вечера во 2 смени:
Прва вечера од 18:30 - 19:30 часот во главниот ресторан - резервација на маса.
Втора вечера од 20:00 - 21:00 часот во главниот ресторан
Пауза од 19:30 - 20:00 часот.

Од 18:30 - 21:00 вторник, среда, четврток во A la Carte ресторанот - со претходна резервација.

Бар покрај базен, бар на плажа, вклучувајќи флаширана вода; локални алкохолни пијалоци (фино суво и полусуво туниско црвено, розе, бело вино, пиво, ликер од урми, туниска вотка од смокви, буре пиво, итн.), кафе, чај, вода, сода, разни алкохолни и безалкохолни коктели.

Спорт и рекреација

Има неколку базени од кои едниот е со солена вода и тобоган, еден детски базен, два надворешни и еден внатрешен базен. На гостите им се достапни бројни спортски активности, како што се пинг-понг, одбојка на плажа, аква аеробик, ватерполо, стрелање, нордиско пешачење, немоторизирани спортови на вода, тенис (потребна е претходна резервација на рецепција). Бесплатна Wi-Fi конекција е достапна низ целиот хотел.

Спа центарот располага со амам, џакузи, сауна, теретана и салон за убавина. Во него се достапни и масажи.

Важни информации

Хотелите имаат право да променат поединечни услуги, начинот на плаќање на истите, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, а во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, па организаторот на патувањето не може да биде одговорен за промените.

Дополнителни информации

Хотелот располага со паркинг, бројни продавници и две конференциски сали. Лекарските услуги се достапни на барање.

Сместување

Сите соби имаат мини бар, Сат ТВ, клима уред, телефон, фен и бања со одвоен тоалет. 

Се доплаќа: телефон и се останато надвор од концептот.


За хотелот:


Локација

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди