Хотел Мoyses се наоѓа на 80м од плажа. Хотелот располага со соби за 2, 3 и 4 и 5 лица. Во секоја од собите име единечни кревети. Хотелот располага и со апартмани од две соби, за 5 лица.
Сите соби се на 2 спрат и имаат своја тераса кадешто има маса и столчиња, рингли во кујната за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.
Климата се доплаќа 5 евра од ден.
Хотелот располага со базен којшто може патниците бесплатно да го користат.
Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на 80км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, кадешто има преубаво шеталиште. Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта, забавни паркови со детски активности, лулашки за најмладите. Цените се многу пониски и поволни во таверните кадешто се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.