АПАРТМАН ПОРТАРИА

Автобус

Термин Од 18.05.2024 - 25.05.2024

АПП 1/5+1 Приземје

RO

18.05.2024 - 25.05.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

16,926.00 den

273.00 €

Резервирај

Термин Од 25.05.2024 - 01.06.2024

АПП Приземје 1/5+1

RO

25.05.2024 - 01.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

18,228.00 den

294.00 €

Резервирај

Провери друг термин

Вклучено

7 ноќевања во апартман Портариа
Користење на клима

Не вклучено

Доплата за туристичка такса 0.5 центи од ноќ од апартман (Се плаќа во вилата)
Превоз за возрасен повратен билет 40 еур / 30 еур во еден правец
Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 30Еур / 20 еур во еден правец
Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
Патничко осигурување
Паралија Дионисиу е туристичко село кое се простира на околу 3 км широка песочна плажа. Плажата е за сопствена опрема за плажа, но има и барови, каде што можете со платен пијалок да ги користите нивните лежалки и чадори бесплатно. Местото има многу таверни и кафетерии покрај плажата и околу централниот плоштад, кои нудат традиционална грчка кујна, свежа риба и морски плодови. Многу таверни имаат игралишта за деца со цел на младите посетители да не им здосади и да ги остават родителите да се одморат и да уживаат во грчката кујна и на плажа. На централниот плоштад е популарна кафетерија, која нуди традиционална грчка пита наречена Бугатса со слатка павлака или сирење. Во вечерните часови ова кафетерија нуди традиционални грчки слатки наречени Локумадес. Паралија Дионисиу се наоѓа на 48 километри од Солун, каде што е меѓународниот аеродром „Македонија“ и на само 3 километри од градот Неа Мудања. Селото има многу погодна географска локација – се наоѓа пред крстосницата до 3-те полуострови на Халкидики (Касандра, Ситонија, Атос), и е точно во центарот на Халкидики. Тоа им овозможува на гостите да патуваат низ Халкидики, низ сите три полуострови избегнувајќи ги долгите растојанија. Блискоста на Паралија Дионисиу до градот Неа Мудања, со население од 17 000 жители (3 км) има и предности: можност брзо да стигнете до него со автомобил, такси или пеш (околу 40 минути. покрај плажата) до продавниците, супермаркетите, забавата, дискотеките и ноќните клубови. На централниот плоштад има игралиште за деца и мини-парк, кој започнува со работа попладне по грчката сиеста. Секоја вечер во центарот на Паралија Дионисиу работи отворен пазар каде што може да се купи овошје, зеленчук, маслинки, маслиново масло, мед и други локални производи. Наутро свежа риба и овошје продаваат мештаните кои возат со своите автомобили низ селото. Во селото има 2 супермаркети, месарница, пекари, кондиторски производи, аптека и киосци. Паралија Дионисиу е прекрасно катче, типично грчко село, каде што можете да се одморите од градската врева и да уживате во сонцето, чистото Егејско Море и грчката храна

Апартманот ПОРТАРИА е наменет да престојуваат од 5-6 лица.Се наоѓа помеѓу Дионисиус и Неа Модања.

Се наоѓа на приземје и е на 200м. од плажа.Структурата на апартманот се содржи од две спални соби,дневна со кујна,бања и преубава тераса со дворче.

Во едната соба има брачен кревет,а во другата има два единечни стандардни кревети.Во дневната соба има два кревета кои се на развлекување со димензија 1,2*2м.

Кујната е комплетно опремена за спремање и сервирање на лесни јадења.


Типови на соби

Апартман 1/5+1

Апартманот се наоѓа на приземје и е на 200м. од плажа.Има две соби,дневна која е поврзана со кујна која е опремена за припремање на лесна храна,бања и тераса со двор од напред.Во едната соба има брачен кревет,а во другата соба два единечни кревети.Во дневна соба има два кревета кои се на развлекување со димензија 1,2*2м

Забелешка

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 0.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди