Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера.
Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.
Сместувањето во Римини е во хотелот Глобус кој е хотел со 3 ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.
Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.
Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.
Собите во хотелот имаат ТV, тоалет, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.
Хотелот служи континентален појадок.
Собите на хотелот имаат клима уреди.
Хотелот е идеален за групи (друштва), парови.
Хотелот има рецепција која работи 24/7.
Хотелот има одлична локација, на 5 минути до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.
Концептот на креветите во хотелските соби ги одредува менаџментот на хотелот, а не агенцијата.