Сместување е во хотел GRAND GOLD со 3* на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 4 лица а вкупниот број на соби е 73.Во склоп на хотелот има има два ресторани, еден на отворен и еден на затворен простор и базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење.
Во 2019-та година први започнавме да го работиме Кумбургаз и имавме неколку групи или околу 300 среќни патници. Летото 2020 година реализиравме 10-тина тури или однесовме околу 700 патници. Летото 2021-година направивме BOOM на македонскиот пазар со повеќе од 2.200 патници кои летуваа во Кумбургаз! Ова година КУМБУРГАЗ повторно достапен за вас! Во 2022 и 2023 година во Кумбургаз летуваа околу 5000 среќни патници. 6-то лето по ред Ве носиме на најбараната ХИТ дестинација во ТУРЦИЈА! Резервирајте по промо цени и летувајте 7 или 14 ноќевања во Кумбургаз.
На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО! Најдобриот хотел на сама плажа Гранд Голд.