Локација: Грција / Халкидики / Ситониа / Геракини
Плажа: Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.
Услуга: Полупансион (појадок и вечера).
Интернет: Бесплатно Wi - Fi на рецепција и на барот покрај плажа.
Сместување: Сместување во собите е после 15 часот локално време, напуштање на собите е до 10 часот последниот ден по локално време.
Double Room: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) –
максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 5 години без дополнително легло;
Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло –
максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99) или 3 возрасни;
Чистење на собите: Согласно нови протоколи за Covid-19 за кои информација може да се добие на рецепција.
Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) - 5 € на ноќ - со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.
Хотелски содржини:
Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;
Главениот ресторан "Thalassa" е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
Барот на плажа "Ammos" е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;
Важна напомена:
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
Цената вклучува:
- 7 ноќевања со појадок и вечера
- Две деца до 11.99 години - Бесплатно
- Користење на клима уред
- Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот
- Паркинг (во согласност со слободни места во моментот)
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса од 3 еур по соба на ноќ која се плаќа во хотел;
- Трет возрасен на дополнително легло плаќа 35€ на ноќ;
- Трето дете од 0-11,99 години 23€ на ноќ;
- Доплата за HB+ - бесплатни пијалоци за време на вечерата од мени во ресторанот – 15 € на ден за возрасен и 8 € за деца до 11.99 г.
- Доплата за – FB + - ручек и весплатни пијалоци за време на ручек и вечера од мени на ресторанот – 33 € на ден за возрасен и 17 € за деца до 11.99 €
- Превоз Македонија – Грција – Македонија
Скопје / Велес / Неготино / Граничен премин Богородица – 45 € за возрасни и 35 € за деца до 11,99 г.
Струмица – 60 € за возрасни и 50 € за деца до 11,99 г.
Превозот се реализира со автобус, комбе или патничко, а истото го одредува агенцијата еден ден пред поаѓање.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува превозното средство.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција за време и место на поаѓање
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред кажаното време на поаѓање.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.