Трансилванија
60.00 €
Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.
Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот.
БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.
Брашов
Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.
Термални бањи
45.00 €
Термалните бањи во Букурешт располагаат со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање.