Божиќни пазари во Тоскана 8ми Декември

Автобус

Термин Од 07.12.2024 - 10.12.2024

1/2 Standard Room

BB

07.12.2024 - 10.12.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
14,198.00 den

11,098.00 den

229.00 €

179.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Тоскана-Италија ПРОМО цена за резервација до 15.11.2024 – 179€/11.098ден *со пријава на пакет екскурзии* Редовна цена на аранжманот 229€/14.198ден Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. Цена по лице за најмалку 2 лица во соба. ПРОМО пакет екскурзии 120€ наместо 130€!!!

Што е вклучено во цената

Во цената на аранжманот е вклучено:

-Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација

-Сместување во хотел 3*/4* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок

-Попатна посета на Болоња

-Организирани посети и разгледи според програмата

-Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник

-Бесплатен трансфер од Неготино, Кавадарци, Велес и Штип

Што не е вклучено во цената

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

-Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ доплата на лице место

-Посета на Пиза и Лука 50€ доплата на лице место

-Задолжителна посета на Фиренца 30€ доплата на лице место

-Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)

-Задолжително патничко осигурување

План и програма

1.ден 06.12.2024 (петок) СКОПЈЕ
Состанок на групата во 10.30 часот (претпладне) на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Италија во 11.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2.ден 07.12.2024 (сабота) БОЛОЊА – МОНТЕКАТИНИ
Утрото попатна посета на Болоња. По пристигнувањето пешачки разглед и слобдно време за одмор од патувањето. За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. Болоња е главниот град на регионот Емилија Ромања и тука ќе уживате шетајќи покрај ренесансни палати и бројни аркади, ќе се воодушевите на црвените кровови и средновековната архитектура. Ќе може се насладите во вкусовите на Parmigiano Reggiano, prosciutto crudo или mortadella и ќе можете да откриете барем една од седумте тајни која ги крие овој чудесен студентски град. Покрај катедралата Св. Петар може да најдете штандови за време на божиќниот адвент. Освен традиционалните боќиќни украси и италијански слатки, тука ќе може да најдете бројни прикладни поклони рачно изработени од целиот регион. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), патувањето продолжува кон Монтекатини. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини Терме. Ноќевање.
3.ден 08.12.2024 (недела) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО – МОНТЕКАТИНИ
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад во облик на школка, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Пешачки разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и Piazza Del Campo. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи производи со шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди