Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.
Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.
Апартман Нико 3 се наоѓа во Неа Флогита на 100м од плажа. Станува збор за дуплекс апартман, со две спални соби на приземје во којшто може да се сместат 6 лица (4 возрасни и 2 деца до 12 години). Во едната соба има брачен кревет, а во другата два единечни кревети. Во дневната има еден кревет на извлекување. Апартманот има кујна којашто е опремена за подготовка на храна, има клима и Wi-Fi кои се вклучени во цената.