Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.
Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.
Вила Ева се наоѓа на 70м од плажа.Во апартманот може да се сместат 5 лица.
Во едната соба има еден брачен кревет. Во дневната два дупли кревети на развлекување.Дневната и кујната се споени. Кујната е опремена со основен прибор за подготовка на лесна храна. Има голема тераса. Апартманот се наоша на приземје или полусутерен со 3 скали надоле.