Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.
Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.
Апартман БОБА за 4-6 лица (4 возрасни плус 2 деца) на 200 метри од плажа во Флогита.
Има 2 спални соби, кујна, бања и голема тераса. Секоја соба има два поединечни кревети. Можност за два дополнителни кревети на преклопување. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица.
Клима и Wi-Fi се вклучени во цената. Станот се наоѓа на втор кат.