Last Updated
27.01.2025 16:10
https://booking.escapetravel.mk/hotels/location/corfu-krf/hotel/corfu-holiday-palace
Крф Холидеј Палас се наоѓа на јужниот дел на прекрасниот полуостров кој покрај природните убавини, поседува и значајна историска локација. Крф Холидеј Палас со 5 ѕвезди е единствениот хотел на островот Крф со директен поглед кон познатата знаменитост на островот Понтикониси и манастирот Марија од Влахерн, на само 4 километри од стариот град Крф (историски споменик на УНЕСКО) , изградена во Канони, на површина од 45.000 квадратни метри, на полуостров кој е окарактеризиран како еден од особена природна убавина со борови, чемпреси, еукалиптуси и магична плажа со зелено-сини води. На само 4 километри од центарот на градот и аеродромот, Corfu Holiday Palace има лесен пристап без разлика дали патувате до Крф со авион или со траект. Со широк спектар на услуги и капацитети од конференциски сали за до 1600 луѓе, терен за голф со 18 дупки, повеќе ресторани и барови, до отворени и внатрешни базени, Corfu Holidays Palace ја доби наградата „ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ НА ГОДИНАТА 2017“ за регионот Јонските Острови. Хотелските терени имаат главна зграда и бунгалови со сместувачки единици.
Хотелот ги нуди следниве содржини:
13.02.2024 03:08
Хотелот „Ајсберг“ е модерен нов хотел лоциран во близина на базната станица на гондола лифтот во новиот дел на Банско.
Read More »
13.02.2024 03:07
Royal Park Resort им овоможува на своите гости незаборавен одмор и релаксација во своите сместувачки капацитети.
27.01.2025 15:47
Поставен на врвот на ридот со панорамски поглед на Јонското Море