29.07.2025 - 05.08.2025
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници30,876.00 den
498.00 €
05.08.2025 - 12.08.2025
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници30,876.00 den
498.00 €
Ранакс Хотел Кумбургаз“ 3* се наоѓа во Кумбургаз-Истанбул. Хотелот се наоѓа на сама плажа и има 3 ресторани, 1 бар, 1 сала за состаноци и бесплатен паркинг. Хотелот им нуди единствена можност за одмор на нашите клиенти со отворена дискотека и опција за музика во живо секоја вечер.
Има централен систем за греење и климатизација во собите.
Плажа
Користењето на лежалки и чадори за сонце е бесплатно за нашите клиенти .
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе. БАЛАТ- Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. ГАЛАТА ПОРТ-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво. Таксим- Таксим Плоштадот Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.