19.05.2024 - 26.05.2024
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници15,004.00 den
242.00 €
26.05.2024 - 02.06.2024
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници16,368.00 den
264.00 €
Населбата Неа Плагиа е споена со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.
Апартман Релакс се наоѓа на 100м од плажа. Апартманот е за 4 лица. Во едната соба има брачен кревет, додека пак кујната, трпезаријата и салонот се заедно. Во салонот има кревет на извлекување (за еден возрасен или две деца до 12 години). Кујната е опремена за подготовка на храна и има прибор за онолку патници колку би престојувале. Апартманот е на приземје, има уреден двор со можност за подготовка за скара.
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 0.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел