10.04.2026 - 13.04.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници37,076.00 den
598.00 €
Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за Велигденските денови? Прославата на Велигден кој е на ист датум во Грција, како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе Ве воодушеви и ќе Ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставуваме не би пропуштиле едно вакво доживување, Ве очекуваме!
Факултативниот излет е резервиран за денот Велигден. Првично се упатуваме кон еден од најстарите манастири на самиот остров, тоа е Палеокастрица, со црквата посветена на Пресвета Богородица, секако името го добива по истоимениот залив, еден од најубавите и најмонденски локации на островот Крф. По посетата на манастирот, се симнуваме на плажата Св. Спиридон, која според пишаните истории и легенди, првото место на коешто стапнал на островот е токму таа плажа, во самиот залив на Палеокастрица. По слободното време за кафе или појадок, се упатуваме кон Фабриката Василакис, фабрика која е во сопственост на семејството од 1924 година, со сопствени насади на единствено во Европа органско земјиште, што произведува ликер од Кумкват, кинеското овошје кое успева само во Кина и овде, на островот Крф. Покрај овошјето, се произведува и најчистото ладно цедено маслиново масло, број 1 во светот, наградувано од сите производители низ планетата. Можност да си разгледате, дегустирате и секако да си купите сувенир од оваа продавница по пониски цени.