VIKING NONA BEACH HOTEL

Antalya
Положба Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, на 55км од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупен број на соби 94. Стандардни соби 87 (18-25м², макс.2+2 лица), Фамилијарни соби 6 (20-35м², макс.4 лица) и една соба за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (празен), сеф (се наплаќа), тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон. Услуга Се Вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, колачи, кафе и чај, вечера. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23.00 часот. Дополнително се наплаќаат сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, мини бар во соба, услуга во соба, Турско кафе, храна и пијалоци на плажа. Содржини Главен ресторан, снек бар, лоби бар и бар покрај базен. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, чување деца, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби. Плажа Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Спорт и забава Отворен базен за возрасни и деца. Еднаш неделно жива музика.

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: » Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. » Аеродромски такси. » Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. » Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). » Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. » Организација на програмата. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: » Задолжително здравствено патничко осигурување. » Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  


Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related