Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 25 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 594 соби, во двокатни и трокатни бунгалови.
Стандардни village соби (28 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + една софа 85х175 cm, купатило, макс. 2+1).
Стандардни економски соби (23 m², една спална соба, купатило, макс. 2 лица).
Стандардни village соби со кревети на спрат (28 m², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат 90x190 cm, купатило, макс. 2+2).
Фамилијарни village соби (45 m², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс. 2+2 деца).
Фамилијарни апартмани (40 m², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 3+2 деца).
Сите соби имаат приватни купатила со када, туш кабина, фен, бањарка, влечки, централна клима која работи во одредени периоди од денот според временските услови, телефон, минибар (на пристигнување има вода и сокови), сеф, керамички под, сателитска ТВ со музички канали, балкон, француски балкон или тераса. WI-FI инетренет во хотелот е бесплатен.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, полноќно бифе, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, Grab & Go ресторанот е отворен помеѓу 21:30-07:00 часот, закуски на плажа до 18:00 часот, сладолед во одредено време од денот, À la Carte ресторани Sofra, Downtown и Flavor со претходна резервација и еднаш за време на престој.
Не е вклучено: свежо цедени сокови, сите увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, скара и рибен À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, Sofra, Downtown, Flavor and Fish & Grill, барови околу хотелскиот комплекс.
Не е вклучено: Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола дополнително.
WI-FI инетренет во целиот хотел е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени за деца и возрасни, базен за релаксација само за возрасни, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениски терени, пинг – понг, одбојка на плажа, гимнастика.
Не е вклучено: спортови на вода, осветлување за тениски терени, спа центар и масажа, соба за игри, билијард.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, шоу програми во вечерните часови, жива музика, кино. Мини клуб за деца од 4 до 16 години со разновидни активности и програми.
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Included
Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Kitchen
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar