MIRAMARE BEACH HOTEL

Antalya
Положба Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 6 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 276 соби во една главна зграда. Супериор соби (30 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица). Фамилијарни поврзани супериор соби (42 m², поглед кон копно, две спални соби разделени со врата, две купатила, макс.4 лица). Супериор корнер соби (35 m², поглед кон копно, една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет и една софа, едно купатило, макс.2+2 лица). Делукс соби со приватна градина (40 m², се наоѓаат во приватен ден од градината од 38 m², една спална соба со дупли кревет, една фотелја, едно купатило, макс.2+1 дете). Делукс соби со тераса и џакузи (40 m² и 40 m² долга тераса со џакузи, се наоѓаат на најгорен спрат, една спална соба со дупли кревет, една фотелја, едно купатило, макс.2 лица). Апартмани (70 m² со 10 m² балкон, една спална соба со дупли кревет, дневна соба со дел за седење и трпезарија, едно купатило, макс. 2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, VRV клима систем, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон или тераса. Услуга Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, некои увозни алкохолни пијалаци, бар и ресторан на плажа од 09:00 – 18:00 часот, свежо цедени сокови за време на појадокот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престој и тоа само во еден од рестораните. Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се во мени, премиум увозни пијалаци, луксузни и флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, специјални вина, услуга во соба. Концепт на платинум услуга (Делукс соби со приватна градина, Делукс соби со тераса и џакузи и Апартмани): Услуга за асистенција и помош на гости, платинумска нараквица, брз чек-ин, доцен чек-аут во зависност од достапноста, неограничено користење на À la Carte рестораните, една бесплатна масажа од 60 минути, услуга за пеглање и перење, брза WI-FI интернет конекција, бесплатна услуга во соба, ВИП пакет со овошје и вино, чоколади, сушено овошје и Nespresso машина за кафе. Содржини Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sole Мare – италијанска кујна, Olive- рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење, хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел. Плажа Хотелска песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Спорт и забава Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, ракомет, мини фудбал, кошарка, пинг понг, тениски терени. Се доплаќа: сите спортови на вода, осветлување за тениски терени, СПА и центар за убавина, масажа, билјард и компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 - 12 години и клуб за тинејџери од 12 - 16 години со различни програми, мини диско навечер. Хотелот е реновиран во 2019/2020 (цел хотел).

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.


Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related