LONG BEACH

Antalya
Положба: Хотелот е лоциран во Avsallar регионот, 20 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупен број на соби 748, 48 вили и 24 фамилијарни соби Chalet. Стандардни соби 553 (33м², макс.2 +1 лице), Фамилијарен дуплекс 90 (39м², макс. 4+1 лице, две одвоени соби со врата, едно купатило), Фамилијарни дуплекс суити 30 (59м², макс. 5+1 лица, две соби одвоени со врата, на двa нивоа и две купатила), Јуниор суити 3 (макс. 3 лица, две соби одвоени со врата, две купатила и два балкона), Џакузи суити 11 (две одвоени соби, едно купатило со када, едно со џакузи, сауна, голем балкон ), Вили суити 48 (40м², две соби одвоени со врата, платформа за сончање, директен пристап до базен, приватна сауна дополнително се наплаќа), фамилијарни Chalet 24 (43м², две спални одвоени со врата). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови, вода и минерална вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон. Услуга: Ultra All Inclusive (се вклучено) на база на шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, вечера, мини бар во собите-безалкохолни пијалоци и вода ( при пристигнување во хотел), минерална вода и вода, локални и стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци, А’la Cаrte ресторани со претходно резервација и само еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени часови крај базенот. Луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флашираните пијалоци, услуга во соба, специјални вина се наплатуваат. Содржини: Главен ресторан–Hayat–шведска маса, снек бар на плажа, кафе и колачи- Cake House, А’la Carte ресторани- Hunkar (Турска кујна), Bon Apetito (Италијанска кујна), Dragon (Кинеска кујна), Delphin (Медитеранска кујна), El Sombrero (Мексиканска кујна), барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат. Плажа: Хотелска плажа – песочна со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат. Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква Парк, фитнес центар , Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг и гимнастика. Масажа, Wellness& Spa центар, спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, куглање, специјални програми за слабеење се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и базенот, вечерен шоу програм, специјални програми за деца во Мини клубот од 04-12 години, забавен парк без доплата.

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите. 1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: » Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. » Аеродромски такси. » Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. » Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). » Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. » Организација на програмата. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: » Задолжително здравствено патничко осигурување. » Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.


Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related