GRANADA LUXURY OKURCALAR

Antalya
Положба Хотелот се наоѓа во Окурчалар на 30км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 598 соби во една главна зграда на 10 ката. Стандардни соби (26-36 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет и едно купатило, макс. 2+2 лица). Фамилијарни дуплекс соби со поглед на копно (55-60 м², дуплекс, горниот кат е со француски кревет, на приземје има два единечни кревети, не се разделени со врата, две купатила, макс. 4 лица). Фамилијарни соби со поглед на море (50 м², две спални разделени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица). Сите соби се современо опремени со едно купатило со када, туш, бањарка, влечки, фен, систем за централно греење, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво, грицки и вафли секој ден), сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, интернет, под со ламинат и балкон или тераса. Услуга Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, сладолед и торти во слаткарницата, детско бифе, диететско и вегетеријанско бифе, вечера, закуски доцна навечер, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредено време, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: сите луксузни и стари специјални пијалоци, увозни пијалоци кои не се на менито, услуга во соба, À la Carte ресторани со резервации со претходна резервација и доплата, свежо цедени сокови (освен за појадок), витамин бар, сите флаширани пијалоци, наргиле. Содржини Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (медитрански, морска храна, мексикански, азиски, рибен ресторан, Alaturka. Лоби барот е отворен 24 часа, барови покрај базенот, на плажа, бар за ужина, Диско бар, витамин бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско, телефон, факс, интернет катче, фризер, продавници, изнајмување кола. Интернетот е бесплатен во главните простори и во собите. Плажа Хотелска приватна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци. Павилјоните на плажа се со доплата и претходна резервација. Спорт и забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терен, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, спа и велнес, куглање, билијард, осветлување за тениските терени и играчница. Забавни програми со со професионален тим во текот на денот, навечер шоу програми, жива музика, кино. Гренди детски клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми, мини диско, различни натпревари.

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите. 1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: » Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. » Аеродромски такси. » Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. » Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). » Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. » Организација на програмата. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: » Задолжително здравствено патничко осигурување. » Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.


Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related