CLUB HOTEL SUNBEL

Antalya
Положба

Хотелот се наоѓа во Белдиби, на 35 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
 
Вкупно 136 соби во две згради.

Стандардни соби (22 м², спална, купатило, макс.2+2 деца).

Големи соби (26-28 м², спална, купатило, макс.3+1).

Фамилијарни соби (34-38 м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица).

Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, сплит клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
 
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне кафе, чај и колачи, полноќна супа, детско бифе во главниот ресторан, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-23 часот.

Не е вклучено: останати увозни пијалоци, премиум пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, храна и пијалоци по 22 часот, свежо цедени сокови, пијалоци во шише и лименка, турско кафе, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, лоби бар.

Доктор, перење алишта, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е со доплата.

Плажа

Хотелска плажа со камчиња, на 100 м од хотелот. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.

Спорт и забавa 

Надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, пинг понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна, гимнастика, фитнес центар. Спортови на вода, масажа се со доплата.

Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер, неколку пати неделно. Мини клуб за деца помеѓу 4-11 години, детско игралиште, мини диско навечер.

Хотелот е реновиран во 2022 година.

Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
 
Included

Swimming pool
Wifi
Parking
Restourant
Own beach
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Related